Достапни линкови

logo-print

Исламска држава во Ирак уништи џамија стара 600 години


Бунтовниците од Исламска држава во Ирак уништија џамија стара речиси 600 години во ирачкиот град Мосул. Ова е последен од неколкуте верски објекти што беа уништени периодов. Локалните жители соопштија дека старата џамија била дигната во воздух вчера од радикалната сунитска група. Друг верски објект беше уништен во Мосул минатата недела затоа што бил посветен на пророк почитуван во христијанството, муслиманството и јудаизмот.
Групата Исламска држава Ирак зазема делови од западен и северен Ирак минатиот месец меѓу кои и градот Мосул кој е втор по големина во земјата.

XS
SM
MD
LG