Достапни линкови

Советот за безбедност на ОН: итен прекин на огнот во Газа


Советот за безбедност на ОН ја одобри декларацијата со која се бара прекин на огнот меѓу Израел и палестинската група Хамас. Во декларацијата која е одобрена од сите 15 земји членки на Советот за безбедност непосредно пред состанокот, се повикуваат двете страни да обезбедат примирје за време на муслиманскиот празник Бајрам и по него. Израел и Хамас се согласија на неколку краткотрајни прекини на огнот во последните два дена кои беа прекршени. Повеќе од 1030 Палестинци и 45 Израелци, најмногу од нив војницни, беа убиени во последните три недели од кога траат борбите.

XS
SM
MD
LG