Достапни линкови

Нимиц ја почнува дводневната посета на Скопје


Посредникот на Обединетите нации во спорот за разликите за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц денеска пристигнува во дводневна посета на Скопје. Тој ќе се сретне со македонските власти, а во среда ќе замине во Грција на средби и со тамошните владини претставници. Во официјалното соопштение на ОН во кое се најави посетата се наведува и дека целта на средбите е да се интензивираат разговорите под нивно покровителство насочени кон изнаоѓање на заемно прифатливо решение за спорот за името. Очекувањата во јавноста во двете земји се дека тој нема да донесе нов предлог. Инаку на овие средби посредникот ќе се запознае и со новиот македонски претставник во спорот Васко Наумовски.

XS
SM
MD
LG