Достапни линкови

Путин го одбележува Денот на морнарицата во Базата на нуклеарната подморница


Рускиот претседател Владимир Путин го одбележува „Денот на морнарицата“ со посетата на северното пристаниште Североморск, седиштето на руската Северна флота. Путин и министерот за одбрана, Сергеј Шоигу го набљудуваа отпловувањето на воени бродови и подморници од пристаништето во знак на одбележување на пригодата. Вицепремиерот Дмитри Рогозин беше во Северодвинск за одбележување на денот и ја следеше церемонијата на отпочнување на изградбата на новата генерација нуклеарни подморници. "Гледаме присуство на нуклеарен потенцијал да се смири страста на кој и да е агресор во било која точка во светот."

XS
SM
MD
LG