Достапни линкови

logo-print

„Вима“: САД побарала база за беспилотни летала на Крит


САД побара од Грција база за беспилотни летала на островот Крит, објави денеска атинскиот весник „Вима“.

Весникот навeдува дека грчаката Влада го разгледувала предлогот на САД.

- Барањето на САД за база за беспилотни летала на Крит е во контекст на американската стратегија за борба со исламскиот тероризам и асиметричните закани, кои произлегуваат од нестабилноста во југоисточен Медитеран. За таа цел Вашингтон врши притисок врз Атина, наведува „Вима“.

Првично САД побарале беспилотните латала да се лоцираат во военовоздушната база во Каламата, на Пелопонез, за подоцна да се одлучат за военовоздушната база во Кастели, каде е дислоцирана 133-та воена ескадрила.

XS
SM
MD
LG