Достапни линкови

logo-print

Жестоки судири во Либија, над 38 загинати


Најмалку 38 лица загинале, повеќето војници, а над 50 се повредени во жестоките судири на либиската војска и исламистичките групи во последните 24 часа во Бенгазиј, соопштија воени и болнички извори во Либија.Воени извори наведуваат дека исламистичките групи вчера отпочнале офанзива на главниот штаб на специјалните единици на либиската војска во центарот на Бенгазиј и дека потоа следувале судири со војската.

Поради влошување на состојбата во Либија, САД вчера го евакуираа својот дипломатски персонал од амбасадата во Либија а истото го направија или ќе го направат и Германија и Велика Британија и уште некои западни земји. Од Либија својот пресонал го повлече и Мисијата на ООН за поддршка на Либија.

Либија во моментов е погодена од најголеми насилства од симнувањето и убиството на долгогодишниот лидер Моамер Гадафи во 2011 година.

XS
SM
MD
LG