Достапни линкови

logo-print

Хамас го прифати 24-часовното примирје


Портпаролот на групата, Сами Абу Зухри, вели дека "како одговор на интервенцијата на ОН и со оглед на состојбата на нашиот народ и по повод празникот, договорено е меѓу фракциите на отпорот да го поддржат 24-часовното хуманитарно примирје, почнувајќи од 02:00 по локално време во недела. "
Израел, го откажа 24-часовното примирје претходно истиот ден откако Хамас истрела проектили во јужен и централен Израел.
Израел понуди 24-часовно примирје вчера, но Хамас го отфрли. Како одговор на тоа, израелската војска продолжи со операциите во Газа.

XS
SM
MD
LG