Достапни линкови

Малезија : Украинските бунтовници дозволија пристап на полицијата до местото на несреќата


Малезија рече дека обезбедила договор со украинските бунтовници да му се овозможи на меѓународниот полициски персоналот пристап до местото на несреќа на авионот MH17. Канцеларијата на малезискиот премиер Наџиб Разак соопшти дека на полицијата ќе и биде дозволено да влезе во областа во источна Украина "за да обезбеди заштита за меѓународните инспектори." Австралија рече дека "извесен број" на вооружен персонал ќе пристигне на местото на несреќата на MH17 во сепаратистички контролираната источна Украина следната недела, но нагласи дека нема да бидат придружени од воени трупи. Министерот за надворешни работи Џули Бишоп рече дека дел од австралискиот тим на ова место ќе носи оружје за да ги обезбедува инпекторите. Австралија испрати 190 припадници на федералната полиција и 40 војници во Холандија за да учествуваат во планираната операција за обезбедување на местото на несреќата.

XS
SM
MD
LG