Достапни линкови

Талибанци ја нападнаа куќата на авганистански шеф на полицијата


Талибанските бунтовници ја нападнаа куќата на шефот на полицијата во провинцијата Кандахар, при што загинаа еден цивил и граничниот полицаец.

Зија Дурани, портпарол на полицијата во провинцијата Кандахар, изјави дека група на бомбаши самоубијци започнале напад од училишна зграда во близина на куќата на шефот на полицијата Абдул Разек.

Шест напаѓачи се обиделе да влезат куќата на Разек пред тие да бидат убиени од страна на полицијата, рече Дурани.

Портпаролот на Талибанците, Кари Јусеф Ахмади ја презеде одговорноста за нападот во соопштението испратено до медиумите.

XS
SM
MD
LG