Достапни линкови

Украина започна офанзива за враќање на Доњецк


Украинските сили започнаа офанзива против проруските сепаратисти во источниот град Доњецк. Бомбардирања и експлозии се слушале околу градот што го држат бунтовниците. Портпаролoт на украинската служба за безбедност, Андриј Лисенко рече дека украинските сили се во околината на Хорликва , северно од Доњецк. Офанзивата доаѓа откако украинските сили неодамна успеаја да преземат дел од територијата која што ја држеа бунтовниците. Во меѓувреме, холандската влада соопшти дека форензичарите на судската медицина ja идентификувале првaта од 298 жртви кои што загинаа кога малезискиот патнички авион беше соборен над сепаратистички контролираната источна Украина минатата недела. Името и полот на жртвата, холандски државјанин, не се објавени. Белата куќа ја обвини Москва дека е "виновна" за падот на авионот MH17. Русија го обвини Вашингтон за "немилосрдната кампања на клевета." Во меѓувреме, Малезија соопшти дека е постигнат договор со украинските бунтовници да и се дозволи пристап на полицијата до местото на урнатиот авион.

XS
SM
MD
LG