Достапни линкови

Манифестација „Откриј го Крушево“


Крушево денеска ќе биде отворен простор на кој ќе се промовираат сите можности кои градот и околните планини за обичен или авантуристички туризам.

Мотото на настанот е „Откриј го Крушево - природа, култура, авантура“, а преку низа активности кои ќе траат преку целиот ден, почнувајќи од раните утрински часови, ќе се прикажат сите можности што ги нуди градот за туристите од Македонија и од странство. Настанот ќе биде збогатен и со голема забава на „Мечкин Камен“ со настап на „Љубојна“ и „Суперхикс“ и пикник со крушевска скара.

На посетителите ќе им бидат понудени пешачки патеки, јавање со коњи, прошетка низ Крушевската корија стара 300 години, дегустација на старата крушевска кујна и крушевскиот локум, посета на леарницата и старата Крушевска чаршија чии дуќани цел ден ќе бидат отворени за да можат да се видат традиционалните занаети, како и познатите везови на крушевските жени,...

XS
SM
MD
LG