Достапни линкови

Израел ги продолжува операциите во Газа откако Хамас го одби примирјето


Израел соопшти дека продолжува со воените операции во појасот Газа откако Хамас го отфрли примирјето и започна со ракетни напади. Израел вчера објави 24-часовно продолжување на хуманитарниот прекин на огнот во Газа.

Хамас го отфрли 24-часовното продолжување, наведувајќи во соопштението, "Секој хуманитарен прекин на огнот, кој не обезбедува повлекување на окупаторските војници од територијата на Газа, и не им овозможува на граѓаните да се вратат во домовите а на повредите безбедна евакуација, е неприфатливо." Израел соопшти дека ќе продолжи да ги демолира воените тунели на Хамас за време на паузата.

Повеќе од 1.000 жители на Газа, претежно цивили, загинаа во 19- дневните борби. Четириесет израелски војници и тројца цивили се убиени.

XS
SM
MD
LG