Достапни линкови

Временска прогноза - променливо облачно со дожд и грмежи


Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и со грмежи. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а дневната од 23 до 33 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до 18 и дневна до 31 степен.

Во Охридско-преспанскиот регион утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Во Дојранско утринската температура ќе се изнесува 22, а дневната 33 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Нестабилното време во попладневните часови ќе продолжи и во текот на наредната недела.

XS
SM
MD
LG