Достапни линкови

Благо подобрена состојбата на повредената во експлозијата во Сопиште


Стабилна е состојбата на 51-годишната жена која се здоби со тешки изгореници при завчерашната експлозија во фабриката за пиротехника во Сопиште. Жената, која има изгореници од четврти степен, останува приклучена на апарати за дишење на КАРИЛ.

Од Клиниката информираат дека за разлика од вчера, кај пациентката денеска има благо подобрување на состојбата. Нејзините витални параметри се стабилни.

Двајцата нејзини колеги, хоспитализирани во Градската хируршка болница „Св. Наум Охридски“, и натаму се во критична состојба. Пациентите на 27 и 59-годишна возраст дишат со помош на апарати. Имаат тешки и длабоки изгореници од трет степен и се во животна опасност.

XS
SM
MD
LG