Достапни линкови

logo-print

Тарнер : САД да се ангажираат за решавање на спорот за името


Американскиот конгресмен Мајкл Тарнер во обраќање пред Конгресот повика на целосно ангажирање на американските дипломатски капацитети за да се издејствува решавање на спорот за името меѓу Грција и Македонија.

Тарнер, конгресмен од Охајо кој е член на групата за пријателство со Македонија и е активен глас во надворешната политика на САД, изјавата ја даде во рамките на коментар посветен на американскиот одговор на кризата во Украина.

- Мораме да им дадеме дополнителни гаранции на нашите европски сојузници дека САД остануваат цврсти во нашата посветеност на безбедноста. Исто така, мораме силно да извршиме притисок за проширување на НАТО. Конкретно, САД мора да го поддржи приемот на Црна Гора во НАТО и да изврши целосен дипломатски ангажман за разрешување на спорот меѓу Македонија и Грција, да побараме решавање на прашањето со Уставот на Босна и Херцеговина, и да ги охрабриме перспективите за членство на Грузија преку процесот МАП, изјави конгресменот Тарнер.

XS
SM
MD
LG