Достапни линкови

Красниќи: Неопходна е коалиција со албанско мнозинство


Поранешниот претседател на косовскиот парламент и лидер на партијата Иницијатива за Косово, Јакуп Красниќи, изјави дека се согласува за договор со Движењето „Самооопределување“ бидејќи, според него, владина коалиција со мнозинство Албанци е неопходност.

Според него дали ќе се постигне договор или не најдобро знае кандидатот за премиер од коалицијата Демократски сојуз на Косово-Алијаса за иднината на Косово-Иницијатива за Косово, Рамуш Харадинај.

Во врска со оценката на лидерот на „Самоопределување“, Албин Курти, дека постојат реални услови за одржување нови вонредни парламентарни избори во септември или октомври, Красниќи смета дека таков луксуз Косово не може да си го дозволи.

XS
SM
MD
LG