Достапни линкови

Потврден уште еден случај на листерија


Пациент заразен со бактеријата листерија денеска е примен на Инфективната клиника во Скопје, информира министерот за здравство Никола Тодоров.

Станува збор за маж од Тетово, роден 1966 година, кој е во стабилна состојба.

- Денеска ја добивме оваа потврда од Микробиолошката лабораторија дека и кај овој пациент станува збор за листерија, посочи Тодоров.

Досега од бактеријата листерија на клиниките во Скопје беа примени седум пациенти, од кои четири завршија со смртни последици.

XS
SM
MD
LG