Достапни линкови

logo-print

Дванаесетчасовен прекин на огнот во појасот Газа


Дванаесетчасовниот прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во појасот Газа стапи на сила во 8 часот денеска, 19-ти ден од конфликтот во кој загинаа стотици лица. Израел и палестинските милитантни групи во Појасот Газа се согласија на хуманитарна пауза која ја побараа ООН, икако напорите да се обезбеди долгорочен прекин на огнот продолжуваат. Израелската војска соопшти дека ќе се одржи на огнот, но ќе продолжи во потрага по тунели кои ги користат милитантите. Портпаролот на исламистичката група Хамас, која е доминантна во појасот Газа, изјави дека сите палестински фракции би се придржувале кон кратко примирје. Претходно, Израел го отфрли предлогот американскиот државен секретар Џон Кери за еднонеделен прекин на огнот. Израелската државната телевизија рече дека планот на Кери бил "едногласно отфрлен," но додаде дека министрите ќе продолжат да разговараат околу него.

XS
SM
MD
LG