Достапни линкови

logo-print

Русија: дополнителните санкциите од ЕУ ја загрозуваат безбедносната соработка


Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека дополнителните санкции наметнати од страна на Европската унија поради улогата на Москва во украинската криза создаваaт ризик од прекинување на соработката околу безбедносни прашања. "Дополнувањето на листата на санкции е директен доказ дека земјите од ЕУ воспоставија курс за целосно прекинување на соработката со Русија во врска со прашањата на меѓународната и регионалната безбедност", се наведува во соопштението.
Со најновото дополнување, на „црната листа“ на ЕУ сега се 87 поединци и 20 лица од Украина и Русија.

XS
SM
MD
LG