Достапни линкови

Двајца загинати при пад на мал авион во Грција


Две лица загинаа при пад на мал приватен авион во близина на градот Спарта во јужниот дел на Грција.

Грчките медиуми јавија дека латалото се урнало непосредно по полетувањето од аеродромот во Спарта.

Според очевидци, по полетувањето авионот нагло почнал да губи висина и се урнал во близина на аеродромот.

При падот загинале двајцата патници во леталото.

XS
SM
MD
LG