Достапни линкови

logo-print

Обама на средба со лидерите од Централна Америка за спречување на детската миграција


Американскиот претседател Барак Обама ги повика лидерите од Централна Америка да работат заедно за да се запре протокот на децата мигранти преку границата со САД.
Обама им порача на претседателите на Хондурас, Гватемала и Ел Салвадор дека децата мигранти кои немаат соодветна потврда за престој во САД ќе бидат испратени дома.
Средбата во Вашингтон се случи во услови на пораст на детската миграција на границата на САД со Мексико.
Повеќе од 50.000 деца, многу од нив без придружба, се приведени на граничниот премин во последниве месеци.
Повеќето од нив бегале од сиромаштија и криминал во земјата.
Обама, исто така, ги повика републиканците во Конгресот да се постапува итно по неговото барање за итни трошоци.
Обама побара $ 3700000000 за справување со приливот на децата мигранти.

XS
SM
MD
LG