Достапни линкови

logo-print

ЕУ додаде нови имиња на „црната листа“


Европската унија додаде на својата листа на санкции 15 лица и 18 претпријатија и организации поради нивната улога во Украина криза.

Меѓу поединците на кои им е забрането патување и им се замрзнати средствата се чеченскиот претседател Рамзан Кадиров, шефот на разузанавачката служба, Михаил Фрадков, директорот на Федералната служба за безбедност, Александар Бортников, како и Павел Губарев, самопрогласениот лидер на т.н. Република Доњецк.

Осумнаесетте правни лица се девет компании и девет институции постави од страна на проруските сепаратисти по прогласувањето на независноста во источна Украина. Меѓу институциите погодени со санкции се самопрогласеното сепаратистичко тело на Луханск и Доњецк во источниот дел на Украина а од компаниите тука е вклучено комерцијалното пристаниште Севастопол, кое беше присилно ставено под контрола на кримските власти по анексијата на полуостровот од страна на Русија.

XS
SM
MD
LG