Достапни линкови

Сеуште има неизвлечени тела од авионската несреќа во источна Украина


Австралискиот премиер Тони Абот изјави дека по повеќе од една недела откако авионот MH17 на „Малезија еарлајнс“ се урна во источна Украина, на местото на несреќата сеуште има неоткриени тела на жртви. Тој рече дека австралиски екипи имаат пристап до местотот на несречата и имаат увид во тоа дека сеуште постојат неизвлечени тела.
Поголемиот дел од 298 луѓе што загинаа при соборувањето на авионот на 17 јули од страна на руските сепаратисти беа Холанѓани, но имаше и 37 австралиски државјани.

Австралија испрати 190 полицајци во Европа да учествуваат во меѓународната операција предводена од Холандија за да се обезбеди местото на несреќата што се наоѓа на територија предводена од бунтовниците.

Украински официјални лица рекоа дека 200 тела се откриени до сега.

XS
SM
MD
LG