Достапни линкови

logo-print

Времето денеска - сончево со умерена облачност


Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има локална појава на дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 22, а дневната од 28 до 36 степени.

Во Скопје и околината слично време, со температура до 33 степени.

И во охридско-преспанскиот регион времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за појава на локален дожд. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 30 степени. Во Дојран утринската температура ќе изнесува 17, а дневната 35 степени.

XS
SM
MD
LG