Достапни линкови

logo-print

Слаба туристичка сезона во Охрид


Туристичката сезона во Охрид досега поминува слабо. Надлежните планираат мерки да се „спаси“ остатокот од летото.

Охриѓани не паметат послаба туристичка сезона последните дваесет години. Таксист од градот вели дека недостига вообичаената раздвиженост која бевме навикнати да ја гледаме. Претпоставува дека ваквата ситуација е резултат и на немаштијата која владее меѓу народот.

Прв пат се случува во последните дваесет години да имаме полупразни автобуси од сабајле до вечер. Сабајле дојде еден автобус од Ниш со десет патници. Никогаш не било вака.

„Прв пат се случува во последните дваесет години да имаме полупразни автобуси од сабајле до вечер. Сабајле дојде еден автобус од Ниш со десет патници. Никогаш не било вака, одиме за Свети Стефан, патот е празен. Еве и таксистите сега седат. Народот нема пари, цените се високи“, вели еден таксист од Охрид.

Томе Тримче, угостител од Охрид, вели дека во градот има странски туристи и тоа е добро, но фалат главните потрошувачи - Србите и домашните гости.

Изгубен е нашиот турист во Охрид, Македонецот и комшиите, Србите, од кои многу послабо сме посетени. Како што Владата дава субвенции за холандските туристи, да дава субвенции и за српските туристи.

„Изгубен е нашиот турист во Охрид, Македонецот и комшиите, Србите, од кои многу послабо сме посетени. Како што Владата дава субвенции за холандските туристи, да дава субвенции и за српските туристи“, вели Тримче.

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, вели дека до изградбата на автопатот до Охрид, мора да се изготви конкретна стратегија која ќе го покаже патот по кој градот ќе се движи во иднина. Тој рече дека она што му фали на Охрид се позитивни примери во јавноста до каде е реализацијата на одредени проекти, како на пример до каде е изградбата на автопатот.

„Дел од буџетот треба да се насочи кон позитивна кампања. Тоа е дозволиво на пазарот и тоа општината треба да го направи. Со што Охрид може да конкурира на седумте мориња кои се околу нас, кои што со изградбата на инфраструктурата за луѓето стануваат сè подостапни“, рече Азески.

Лејла Крстевска, претседателка на Стопанската комора за туризам, со порака до охридските угостители како во август да го надополнат она што не можеа да го остварат минатите два месеци.

„Угостителските објекти да го воведат т.н „хепи ауар“, она што ние го сретнуваме веќе секаде во светот со цел да го пополнат оној период кога посетеноста е помала, а хотелите за да се зголеми должина на престој на гостите да излезат со иницијативи за намалување на цените во периодот кога објектот е понепосетен“, рече Крстевска.

Градоначалникот Никола Бакрачески свика вонредна седница на советот на градски татковци поради слабиот тек на сезоната досега. Според него, локалната власт прави сè што е во нејзин домен сезоната да помине добро, но смета дека временските прилики се главна причина за моменталната ситуација. Вели дека општината не може да ги диктира цените во угостителските објекти во време на пазарната економија.

„Можеби најважна причина зошто имаме помал број на домашни туристи се лошите временски прилики. Но, ние постојано комуницц ираме со туристичките работници и туристите и го испитуваме нивното задоволство и сите причини кои можат да доведат до намален број на туристи во туристичката сезона“, рече Бакрачески.

XS
SM
MD
LG