Достапни линкови

Украина објави разговор на сепаратистите за малезискиот авион


Остатоци од соборениот малезиски авион

Остатоци од соборениот малезиски авион

Украинските безбедносни служби објавија телефонски разговор кој наводно имплицира дека проруските сепаратисти го собориле малезискиот авион во источна Украина. На снимката постирана на Јутјуб командатот на бунтовниците Игор Безлер разговара со сепаратист две минути пред падот на авионот.

Сепаратистот на Безлер му кажува дека авион лета над источна Украина на што тој прашува дали е авион шпион или голем авион, според тврдењето на украинските безбедносни служби. Тие претходно објавија три разговори со кои, според нив, се потврдува дека бунтовниците се виновни за соборување на авионот.

XS
SM
MD
LG