Достапни линкови

ФИФА не отстапува од Светското фудбалско првенство во Русија


Германија е светски шампион на последното Светско првенство во Бразил во оваа година.

Германија е светски шампион на последното Светско првенство во Бразил во оваа година.

ФИФА ги отфрли повиците за Светското фудбалско првенство во 2018 година да не се одржува во Русија, откако некои земји се заканија дека ќе го бојкотираат нивното учество. Руската наводна вмешаност во падот на малезискиот авион доведе до дебата во јавноста за можен бојкот на првенството.

Некои германски политичари повикаа на преиспитување на одлуката првенството да се одржи во Русија и ја понудија нивната земја како алтернативно решение. Според соопштението на ФИФА, историјата покажала дека бојкотот или политиката на изолација на спортски настани не се најефективниот начин за решавање на проблемите.

XS
SM
MD
LG