Достапни линкови

Палестински „ден на гневот“ поради Газа


Палестинските лидери денеска повикаа на протести во Западниот Брег за да се искаже гневот поради израелската офанзива во Газа. До ова дојде откако вчера 15 палестинци загинаа по израелското ракетирање на едно засолниште на Обединетите нации во Газа. На синоќешниот протестен марш на палетинците од Рамала кон Источен Ерусалим, во судир со израелските сили биле убиени најмалку двајца палестинци, а стотина други ранети. Во судирите кои почнаа на 8 јули, загинале над 800 палестинци и над 30 израелски војници. Денеска пак е соопштено дека израелската влада ја разгледувала можноста за прекин на огнот што го предложи американскиот државен секретар Џон Кери.

XS
SM
MD
LG