Достапни линкови

logo-print

Хројсман, привремен украински премиер


Володомир Хројсман

Володомир Хројсман

Украинската влада соопшти дека го назначила Володомир Хројсман за привремен премиер. 36 годишниот Хројсман досега беше заменик премиер и министер за регионален развој. Во денешното соопштение се наведува дека тој ќе го замени Арсениј Јасењук кој вчера поднесе оставка од функцијата откако се распадна парламентарната коалиција. Меѓутоа, украинскиот парламент соопшти дека нема примено писмо со оставката на Јацењук и затоа не може да гласа дали да ја прифати или не. Украинскиот претседател Петро Порошенко веќе ја почна процедурата за нови парламентарни избори.

XS
SM
MD
LG