Достапни линкови

Киев: напади на бунтовниците со поддршка од Русија


Украинската војска соопшти дека бунтовниците во текот на изминатата ноќ извршиле напади во источниот дел на земјата и оти кај еден граничен премин биле поддржани со артилериски оган од Русија. Украинските сили се обидуваат да ги опколат проруските сепаратисти со цел да им ги пресечат врските со Русија, од каде што, според Киев, им пристигале оружје и засилување. Москва демантира дека учествува во судирот меѓу проруските сеператисти и владините сили.

XS
SM
MD
LG