Достапни линкови

Француски војници на местото каде што падна алжирскиот авион


Официјален Париз соопшти дека денеска биле испратени француски војници на местото каде што паднал авионот на Ер Алжирија со 116 патници и членови на екипажот. Пеесет и еден патник во авионот кој вчера поради големо невреме се урнал во Мали во близина на границата со Буркина Фасо, биле француски државјани. Во соопштението од Кабинетот на францускиот претседател Франсоа Оланд се наведува дека војниците имаат задача да го обезбедат местото и да соберат првични податоци.

XS
SM
MD
LG