Достапни линкови

logo-print

Обама: меѓународна истрага за малезискиот авион


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама и премиерите на Холандија и на Австралија Марк Руте и Тони Абот телефонски се согласиле дека е неопходна итна, целосна и транспарентна меѓународна истрага за соборувањето на малезискиот авион, соопшти Белата куќа. Тие се решени да извршат притисок за да се обезбеди сигурен пристап на меѓународните истражители на местото на падот на авионот. Малезискиот авион со 298 патници и членови на екипажот беше соборен над територија во источна Украина која е под контрола на проруските сепаратисти.

XS
SM
MD
LG