Достапни линкови

Претседателот на Мали рече дека се пронајдени остатоци од урнатиот алжирски авион


Претседателот на Мали, Ибрахим Бубакар Кеита изјави дека се пронајдени остатоците од алжирскиот авион кој пренесуваше 116 патници за кој се верува дека се урнал на Мали на 24 јули. Кеита изјави дека остатоците се пронајдени на далечниот северен дел од земјата. Контактот со летот на алжирскиот авион е изгубен некаде над Сахара, поради лошите временски услови. Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус изјави дека во авионот патувале и 51 француски државјанин.

XS
SM
MD
LG