Достапни линкови

ЕУ ќе ја дополни листата на санкционирани во врска со украинската криза


Се очекува денеска ЕУ да додаде на својата листа на санкции и 15 украински и руски поединци и 18 ентитети поради нивната улога во креирањето на украинската криза. Меѓу 18-те правни лица се наоѓаат девет компании и девет сепаратистички институции во источниот дел на Украина. Претставниците на ЕУ исто така разговараа и околу начините да се запре рускиот пристап до пазарите на капитал, оружје и технологија за истражување на енергетсдки извори. Вчера исто така и Канада најави широк спектар на санкции кон руски компании и банки.

XS
SM
MD
LG