Достапни линкови

Тројцата повредени во експлозијата во Сопиште во критична состојба


Трите лица кои вчера попладне беа повредени во експлозија во фабрика за пиротехника во скопско Сопиште се во критична состојба. Четвртиот повреден поминал со полесни повреди и по прегледот во Градската болница бил пуштен на домашно лекување.

Меѓу повредените има и жена, која е хоспитализирана на КАРИЛ во Ургентниот центар. Пациентката е во критична состојба, како и двајцата мажи кои се примени во Градската хируршка болница „Св. Наум Охридски“ , бидејќи имаат висок процент на изгореници по телото.

Експлозија во фабриката за пиротехника во село Сопиште се случи вчера околу 17:00 часот. Сеуште не се утврдени причините за експлозијата.

XS
SM
MD
LG