Достапни линкови

Три години затвор за Паско Кузман во „Фаланга 2“


Паско Кузман

Паско Кузман

Основен суд Скопје 1 на поранешен директор на Управата за заштита на културно наследство, Паско Кузман денеска му изрече казна од три години затвор за злоупотреба на службената должност. Кузман заедно со уште 16 лица беше обвинет за илегално ископување, трговија и уништување артефакти во случајот „Фаланга 2“.

Највисока казна од 7 и пол години затвор доби првообвинетиот Илче Бојчески, раководител на одделението за превенција на културното наследство. Тој е осуден за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба, тешка кражба и прикривање. Четворица од обвинетите добија условни казни, а останатите од две ипол до шест ипол години затвор.

XS
SM
MD
LG