Достапни линкови

Русија ќе го снабдува Ирак со оружје


Рускиот министер за одбрана Сергеј Шоигу

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шоигу

Русија ќе ја снабди ирачката влада со воени хеликоптери и авиони. Ирачкиот министер за одбрана Садун ал Далаими беше во посета на Москва каде се сретна со неговиот руски колега Сергеј Шоигу, кој изјави дека биле потпишани неколку договори не само за испорака на оружје, туку и за тренинг на ирачките сили за тоа како да ракуваат со оружјето. Шоигу нагласи и дека Русија го поддржува Ирак во борбата против тероризмот.

XS
SM
MD
LG