Достапни линкови

Жерновски ги блокира спорните урбанистички планови


Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски ги потпиша решенијата за запирање на објавата на донесените детални урбанистички планови Градска четврт – Капиштец и Тасино чешмиче - Водно. Според законот во наредните 15 дена ќе биде закажана нова седница на која ќе се расправа одлуката за измените во деталните урбанистички планови. Доколку не биде променета одлуката, Жерновски најави дека ќе се обрати до Уставниот суд. Премиерот Никола Груевски изјави дека Жерновски изигрува жртва со цел да го скрие неговото неработење.

XS
SM
MD
LG