Достапни линкови

ЕУ со нови санкции против Русија


Амбасадорите на ЕУ разговараат за нови санкции против Русија поради нејзината улога во источна Украина, кои најверојатно ќе се однесуваат на рестрикцијата на активностите на руските банки. Фајненшал Тајмс објави дека новите санкции на ЕУ врз Русија најверојатно ќе вклучуваат забрана на руските банки за продажба на акции на европските пазари. Санкциите ќе се однесуваат на сите банки во кои државата има над 50 проценти сопственост.

Другите санкции ќе се однесуваат на проширување на листата на имиња на кои ќе им биде забранет престојот во ЕУ и ќе им биде замрзнат имотот.

XS
SM
MD
LG