Достапни линкови

Дневен печат - бактерии, Нимиц и одложени пензии


За бактеријата листерија, за посетата на Нимиц на земјата, за одлуката за владата да се продолжи возраста за одење во пензија, за состојбите во СДСМ и за еврообврзницата, пишуваа меѓудругото дневните весници.

Се крепат некако печатените медиуми во овие летни денови кога нема многу „дешавки“, како што велат новинарите на својот јазик, од политиката и економијата. Овде-онде ќе се појави понекоја вест, колку да не доминираат само фотографиите на познатите фаци по плажите и одморалиштата. Кога сме кај летните одмори, Дневник пренесува дека и „Македонците тргнаа на одмор - над 100 илјади се во Грција, а во Охрид само 600 домашни туристи“.

Соломонско решение за вклучување во европските текови за зголемување на возраста за пензионирање.
Вечер.

Каде се летните температури, таму се и бактериите. „Од листерија до хистерија“, ја насловува Утрински информацијата за страшната бактерија која веќе одзеде четири животи. Нова Македонија информира дека „Се испитуваат месото и млекото, првите резултати задутре“.

„Одложената пензија ги израдува административците“, информира Утрински за новата одлука на Владата, а Дневник забележува дека тоа ќе биде „Бенефит за сите - од доктори до хонорарци“.

Парите од еврообврзницата ќе стигнат до крајот на неделава. Годишната сума што државава ќе треба да ја плаќа по основ на камата изнесува околу 20 милиони евра и кредитот од 500 милиони евра ќе го покачи државниот долг на 41 процент од вредноста на брутодомашниот производ.
Утрински весник.

Вечер пишува за „Соломонско решение за вклучување во европските текови за зголемување на возраста за пензионирање“. А „Уставните измени под лупа на ЕУ - дефинирањето на бракот во Уставот како заедница помеѓу еден маж и една жена, но и формирањето финансиски зони ќе бидат под опсервација на Унијата, затоа што таа бара уставните измени да бидат донесени со широк консензус, наспроти одлуката на владејачкото мнозинство да иницира уставни измени кога опозицијата е надвор од парламентот“, информира Утрински.

Вечер пишува: „Продолжуваат кавгите во СДСМ“, па пренесува порака од поранешниот пратеник Макрадули на Фејсбук до Шеќеринска: „Да бев пратеник, немаше да бидам како Солза и Љубица“.

Утрински јавува дека „Парите од еврообврзницата ќе стигнат до крајот на неделава“, и пресметува дека годишната сума што државава ќе треба да ја плаќа по основ на камата изнесува околу 20 милиони евра и дека кредитот од 500 милиони евра ќе го покачи државниот долг на 41 процент од вредноста на брутодомашниот производ. Исто така Утрински пишува дека според Државниот завод за статистика, во петте месеци од годинава „Храна и пијалаци се купуваат сè помалку - паѓа куповната моќ на граѓаните“.

Дека Нимиц наредната недела доаѓа во Скопје и во Атина информираат сите медиуми. Дневник ја пренесува неговата изјава: „Очекувам голем напредок“. Слободен печат регистрира: „Тешко се слуша убав збор за новиот преговарач за името, Васко Наумовски“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG