Достапни линкови

Попоски бара поголем ангажман од Грција, НАТО и ЕУ за името


Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски изјави денеска дека без политичка мотивираност од Атина и конкретен ангажман од поголемите земји членки на НАТО и ЕУ, не може да се очекува поместување во спорот за името. Според него, Грција нема политички мотив сериозно да седне и да бара решение по однос на прашањето. Попоски на прашањето дали очекува медијаторот во спорот за името Метју Нимиц, кој идната недела ќе ги посети Скопје и Атина, да донесе нов предлог, тој изјави дека нема најава за такво нешто.

XS
SM
MD
LG