Достапни линкови

Порака од Брисел за решавање на проблемите


Совет за стабилизација и асоцијација на Македонија со ЕУ во Брисел. Штефан Филе, еврокомесар за проширување, вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Совет за стабилизација и асоцијација на Македонија со ЕУ во Брисел. Штефан Филе, еврокомесар за проширување, вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Препорака на Советот за стабилизација и асоцијација, Македонија да почне преговори за членство во Унијата, воопшто не е клучна за тоа дали земјата ќе почне преговори.

Важна одлука која не треба да се предимензионира бидејќи не може да направи никакви промени во генералните односи меѓу Скопје и Брисел. Вака дел аналитичари ја коментираат вчерашната нова препорака на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Европската Унија и Македонија, земјава да ги почне преговорите за членство во Унијата и да влезе во втората фаза од Договорот за стабилизација и асоцијација.

Таа шизофрена ситуација, за жал, трае повеќе години и мислам дека пред сè се должи на тоа што Европската Комисија, а и државите членки, најголем дел од нив, сакаат да остават подотворена врата за Македонија.

На состанокот на телото покрај потсекретарот во италијанското Министерство за надворешни работи, Бенедето Дела Ведова и еврокомесарот за проширување Штефан Филе, присутни беа и вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, шефот на дипломатијата Никола Попоски и државниот секретар за евроинтеграции Јован Андоновски.

Совет за стабилизација и асоцијација на Македонија со ЕУ во Брисел.

Совет за стабилизација и асоцијација на Македонија со ЕУ во Брисел.

Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование вели дека Советот за стабилизација и асоцијација воопшто не е клучен за конечната одлука дали Македонија ќе почне преговори или не.

Тие буквално секој ден можат да препорачуваат дека Македонија треба да ги почне преговорите, меѓутоа апсолутно ништо не зависи од тој Совет за Асоцијација и стабилизација, на крајот на денот Советот на ЕУ е тој што ја носи одлуката.

„Таа одлука повеќе е симболична дека се уште има добра волја на страна на ЕУ, и таму одлуките се донесуваат консензуално, значи тоа е еден совет каде учествуваат фактори, политичари и до Македонија и од ЕУ и нивна примарна задача е да го надгледуваат спроведувањето на спогодбата за Асоцијација и стабилизација“, вели Маричиќ.

Аналитичарот Едмонд Адеми пак потсетува дека не само ова тело, туку и други како Европскиот парламент и Европската комисија досега имаат препорачувано почеток на преговорите, но дека од таа препорака не произлегла и конкретна одлука.

„Тие буквално секој ден можат да препорачуваат дека Македонија треба да ги почне преговорите, меѓутоа апсолутно ништо не зависи од тој Совет за Асоцијација и стабилизација, на крајот на денот Советот на ЕУ е тој што ја носи одлуката.“

Инаку Европската комисија препорача отворање на пристапните преговори меѓу Македонија и Европската унија уште во октомври 2009 година, но таа пет години не се ефектуира поради блокада од Грција која инсистира на решавање на спорот за името.

Во меѓувреме забелешките на Брисел се зголемуваат, па така сега евродипломатите инсистираат и на конструктивен политички дијалог, напредок во слободата на изразувањето, а постои и загриженост за медиумите и медиумската култура. Во препораките остануваат и старите забелешки односно подобрувањето на меѓуетничката клима и независност и квалитетот на судството, но истовремено со зголемувањето на листата на работни обврски за македонската влада останува и препораката за преговори.

„Таа шизофрена ситуација, за жал, трае повеќе години и мислам дека пред сè се должи на тоа што Европската Комисија, а и државите членки, најголем дел од нив, сакаат да остават подотворена врата за Македонија, за да може Македонија да почне да ги решава проблемите и проблемот со името, но и другите проблеми, бидејќи листата се зголемува од година во година“, оценува Маричиќ.


  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG