Достапни линкови

2,2 милијарди луѓе живеат во сиромаштија


Програмата за развој на Обединетите Нации, во својот годишен извештај наведува дека иако сиромаштијата во светот се намалува, сеуште 2,2 милијарди луѓе во светот се сиромашни или близу до сиромаштија. Во извештајот се рангирани 187 држави, според развојот во образованието, здравството, приходите и личната безбедност.

Највисоко рангирани земји се Норвешка, Австралија, Швајцарија, Холандија и САД, а во најсиромашните се вброени Централно Африканската Република, Конго и Нигер.

Македонија е на 84-то место, зад Украина, а пред Босна и Херцеговина.

XS
SM
MD
LG