Достапни линкови

Про-палестинските демонстрации во Париз завршија мирно


Демонстрациите во Париз против израелската офанзива во Газа на кои учествуваа илјадници французи завршија синоќа во 20 часот и беа мирни освен неколку инциденти кога биле фрлени шишиња врз полицијата. Обезбедувањето кое го ангажирале организаторите спречило инцидентите да се претворат во посериозни судири.

Демонстрациите се одржаа на повик на левичарските партии и групите за заштита на човековите права како и про-палестинските организации кои бараат итно прекинување на бомбардирањето на Газа.

Франција има најголема еврејска и муслиманска зедница во Западна Европа и поради тоа заострувањето на ситуацијата на Блискиот Исток предизвикува тензии и во таа земја .

XS
SM
MD
LG