Достапни линкови

ЕУ ќе расправа за проширување на санкциите против Русија


Амбасадорите на Европската унија денеска треба да разговараат за проширување на санкциите против Русија по соборувањето на Малезискиот авион.Лидерите на ЕУ минатата недела на Самитот се согласија да се прошират санкциите против Русија, да се наведат компании кои помагаат да се поткопа Украинскиот суверенитет и да се подготви листа на компании и луѓе на кои ќе им бидат замрзнати сретствата до крајот на јули. Министрите за надворешни работи на ЕУ , исто така, најавија дека би можеле да го ограничат пристапот на Русија до пазарите на капитал, за одбрана и чувствителни технологии ", вклучувајќи го и енергетскиот сектор. Европскиот комесар за енергетика Гинтер Отингер, посочи дека ЕУ не треба и дава на Русија техничка помош за да ги развива Арктичките нафтени полиња, ако Москва не успеа да помогнеме да се надмине Украинската криза.

XS
SM
MD
LG