Достапни линкови

logo-print

Газа -прекинот на огнот од витално значење


Хуманитарниот шефот на ОН Валери Амос изјави дека прекинот на огнот во Газа е од витално значење и дополни оти ситуацијата е влошена . Амос на конференцијата на ОН во Токио вчера рече дека главен приритет е заштита на цивилите бидејќи ситуацијата е ужасна. Лидерот на Хамас, Калед Мешал го отфрли прекинот на огнот , освен ако осумгодишната блокада на појасот Газа не биде укината. До неговата изјава дојде во услови на продолжување на израелските воздушни напади и копнени операции во Газа. Повеќе од 680 Палестинци и 34 Израелци загинаа откако Израел почна воздушни напади во Газа во почетокот на јули. Претходно Советот за човекови права на ОН ја усвои палестинската драфт -резолуција за започнување истрага за повреди кои може да се извршени за време на операцијата на Израел.

XS
SM
MD
LG