Достапни линкови

Бугарскиот парламент денеска за оставката на премиерот


Се очекува бугарскиот Парламент денеска ја прифати оставкатата на премиерот Пламен Орешарски.

Орешарски вчера се повлече после само 13 месеци од преземањето на функцијата, и откако во мај владејачките бугарски социјалисти постигнаа многу слаби резултати на изборите за Европскиот парламент.

Со оставката на Орешарски се овозможува формирање на привремена влада во август, додека парламентарните избори се очекува да бидат закажани за октомври.

Оставката на Орешарски доаѓа по повеќемесечна политичка криза во Бугарија и серија проблеми меѓу кои корупција,поплавите и кризата на банкарскиот систем.

XS
SM
MD
LG