Достапни линкови

Синдикатот почнува да се однесува синдикално


По подолго време синдикатот застанува зад интересите на поединци чии права се доведени во прашање, зад професорите на штипскиот универзитет кои штрајкуваат со глад.

По подолго време синдикатот застанува зад интересите на поединци чии права се доведени во прашање, зад професорите на штипскиот универзитет кои штрајкуваат со глад, што, според социологот Ѓорѓи Тоновски, навестува промена во однесувањето кое го покажува синдикалното движење во земјава во сите изминати 23 години од промената на системот во кои тоа се движеше од линијата на која нема да ја налути власта до сервилност кон неа.

Јас се надевам дека би можеле да излезат од ова и дека тоа би можела да биде некоја ластовичка која ја навестува пролетта, дека тоа е навестување дека синдикатот сè повеќе и повеќе ќе се појавува во својата вистинска улога.

„Јас се надевам дека би можеле да излезат од ова и дека тоа би можела да биде некоја ластовичка која ја навестува пролетта, дека тоа е навестување дека синдикатот сè повеќе и повеќе ќе се појавува во својата вистинска улога“, вели Тоновски.

Најновите потези на СОНК, тој ги гледа како сигнал и порака дека синдикатот ќе почне да ја зазема својата улога во општеството која мора да биде како што вели малку поцврста и посигурна од досегашната сервилна и потчинета на власта. Поединците и малите групи го имаат проблемот да ги остварат своите права и поради ваквата улога на синдикатот, но и поради неизградениот институт јавност.

„И тука гледам голема порака што еве СОНК дојде во ситуација или се зафати да реагира“, вели Тоновски.

Резултатите од синдикалната борба во голема мера зависат и од организираноста и познавање на постапката која синдикатот може да ја спроведе, вели правникот Драге Јовановски.

„Покренување на судска постапка, покренување на постапка пред инспекторатот, покренување на постапка пред меѓународни институции итн. Тие тоа не го преземаат, а мошне добро знаат во минатото како преземаа постапки за остварување на своите права“, вели Јовановски.

Од друга страна довербата во институциите е поприлично разнишана, додава Тоновски, така што штрајкот со глад и во споменатиот случај е производ на тоа и можеби неопходно средство кое има за цел да ја разбранува заспаната јавност и надлежните институции.

„Тие оцениле дека немаат моќ да се афирмираат пред институциите и поради тоа прибегнале кон ова што во крајна линија како средство, како начин сепак ја разбранува јавноста во Република Македонија“, посочува професор Тоновски.

XS
SM
MD
LG