Достапни линкови

logo-print

Кумановска Бања постои само на географска карта


Кумановска Бања.

Кумановска Бања.

Фирмата која со децении стопанисуваше со Кумановска Бања веќе не постои, државата за ова природно богатство не е заинтересирана, а обичните граѓани се немоќни.

Надалеку прочуената Кумановска Бања трето лето е затворена за домашните и за странските капачи. Некогашното единствено угостителско претпријатие „Бисерка“ од Куманово кое децении стопанисувало со бањата веќе не постои, државата за ова природно богатство не е заинтересирана, а обичните граѓани се немоќни.

Подобро ни е за нозете. Ова е имрповизирано, ова не е бања, ова е како бунар. За нозете е супер. Многу е убава бањата, и за очите и за нозете.

Надлежните не водат сметка за лековитите својства на овој геотермален извор без оглед што се идентични, дури и подобри и од бањите Врњачка и Буковичка во Србија, Бањата Виши во Франција, изворите Вилдунген и Маријанске Лазне во Чешка. Според некои анализи подобра е од споменатите бањи бидејќи ги нема недостатоците што тие ги имаат.

Затворената бања им оневозможува на заболените да го лекуваат нервниот систем, повеќето од стомачните заболувања, полесните форми на шеќерната болест, уринарни, гинеколошки и психички и нервни исцрпености, како и егземи и разни кожни промени. Можно ли е некој неподвижен болен човек да го најде лекот во двата неисчистени вирови во кои многумина сега до половина час ги држат нозете, ги мијат очите, се надеваат.

За очите ми е подобро. Штета што не ја оправивме, мрзеливи сме. Откако се мијам тука главата не ме боли, инаку „пукнав“ пиејќи лекови.

Меѓу оние кои токму тука го пронашле лекот за уринарните болести е и 84 годишниот кумановец Раиф Садики.

„За простата оваа вода е многу добра. Сега полнам вода за пиење, а порано правев бањи внатре.“

Мустафа Мустафи (45) вели дека години со ред доаѓал во бањата, а трета година нозете ги лекува во вир.

РСЕ: Кој ви препорачал?

„Никој, сами. Подобро ни е за нозете. Ова е имрповизирано, ова не е бања, ова е како бунар. За нозете е супер. Многу е убава бањата, и за очите и за нозете.“

Вера Станковска (78) очите ги мие без лекарска препорака, а вели дека има олеснувања.

„За очите ми е подобро. Штета што не ја оправивме, мрзеливи сме. Откако се мијам тука главата не ме боли, инаку „пукнав“ пиејќи лекови.“

И оваа кумановка смета дека е жално што бањата сега е заборавена, запуштена и запустена.

Само пред три години во бањата имало по 200 капачи дневно, кои во услови застанати во далечното минато го наоѓале лекот. Затоа се наметнува прашањето колку нивната бројка би била зголемена ако овој геотермален извор соодветствува на модернизираните бањи екипирани со медицински и друг неопходен персонал.

Затворената бања, безмалку руинираниот објект, расфрланиот смет наоколу, уништениот хотел „Ку-Ба“ во кој во летните сезони биле сместувани капачите, е тажната глетка за оние кои месноста Вруќа Вода, во атарот на селото Проевце, на само три километри од градот, ја паметат како фреквентно место во кое кумановци бегаа од летните горештини. За нив Кумановска Бања и прекрасниот парк некогаш било најевтино место за „полнење на батериите“. Кумановци велат забележуваат дека бањата која некогаш била бренд на градот веќе е мртва, а неизвесно е дали воопшто некогаш ќе биде ревитализирана.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG