Достапни линкови

Мостот на желбите во Охрид куртули од уривање


Мост на желбите во Охрид.

Мост на желбите во Охрид.

Жителите на стариот дел на Охрид не дозволија да се сруши Мостот на желбите. Локалните власти најавија дека ќе го рушат мостот бидејќи бил дивоградба и не бил безбеден за минување, на крајот се предомислија под притисок на жителите.

Жителите на стариот дел на Охрид не дозволија да се сруши Мостот на желбите кој преставува конекција меѓу центарот и стариот дел од градот. Тие добија поддршка и од многу туристи кои секојдневно поминуваат од овде за да стигнат до дел од плажите во тој дел на градот.

Ова е невиден акт и во денешно време кога сите се трудат нешто да изградат ние рушиме. За нас мештаните ова значеше живот бидејќи овој мост за нас беше големо олеснување. Ако се сруши мостот ќе биде голем удар за туризмот.

Иако локалните власти најавија дека ќе го рушат мостот бидејќи бил дивоградба и не бил безбеден за минување, на крајот се предомислија под притисок на жителите кои најавија дека ако е потребно ќе формираат и жив штит и нема да дозволат тоа да се случи. По изградбата на мостот се скрати времето за поминување на овие луѓе до центарот на Охрид, по основните животни намирници. Не сфатливо е, велат тие, што градските власти оваа сакаа да го направат среде туристичка сезона кога во Охрид и така нема многу туристи.

„Се работи за суети е моето лично мислење. Ова е невиден акт и во денешно време кога сите се трудат нешто да изградат ние рушиме. За нас мештаните ова значеше живот бидејќи овој мост за нас беше големо олеснување. Ако се сруши мостот ќе биде голем удар за туризмот бидејќи одовде поминуваат илјадници туристи секој ден. Ако треба ќе формираме и жив штит и нема да дозволиме да се руши“, рече Јаким Каневче, жител на стариот дел на Охрид.

Во интерес на туристичката сезона и во интерес на жителите од овој дел од градот дојдовме до заедничко решение да се одложи уривањето на мостот.

Мештаните добија и поддршка од туристи од Србија, но и од наши иселеници.

„Во Франција живеам 50 години. Ова што се прави среде сезона не се прави никаде во светот. Ова треба да се сруши на крајот од септември, ако воопшто треба да се сруши, а не среде јули кога народот е навикнат да оди на другата страна. Светските закони кажуваат дека од октомври од април сè се руши, а после тоа не може ништо“, вели турист.

„Ова е нешто најглупаво за мене и ќе разгласам секаде каде што ќе одам луѓето да не доаѓаат. Македонија има нешто прекрасно за уживање , а како сакаат да има тука туристи? Не се гордеам со вакви потези. Многу е лесно нешто што се направил да се урне, но многу е тешко да се направи“, вели наша иселеничка во Австралија.

Уривањето на мостот се одложува се до оној момент додека не се пристапи кон реализација на проектот што го има изготвено локалната самоуправа за изградба на пешачка патека на крајбрежјето, рече Димитар Пендов концесионер на плажата Потпеш во Охрид по итната средба со градските власти.

„На состанокот со градоначалникот и техничките служби при локалната самоуправа мислам дека најдовме заедничко решение кое ќе ги задоволи сите во овој момент. Во интерес на туристичката сезона и во интерес на жителите од овој дел од градот дојдовме до заедничко решение да се одложи уривањето на мостот“, рече Пендов.

Николче Милески од општинскиот инспекторат со образложение за одлуката мостот сепак да не се руши.

„Уривањето го одложивме се до крајот на летната туристичка сезона се во интерес на сезоната, се со цел да се избегнат несакани работи во шпицот на сезоната. Сопствениците на мостот и мештаните се свикани на итен состанок со стручни лица и луѓе од Општинскиот инспекторат. Остануваме на ставот, на решението дека Мостот на желбите мора да руши и истиот ќе биде отстранет по завршувањето на сезоната“, изјави Милески.

Жителите испратија и петиција до локалната власт од која бараат да не ги враќаат сто години наназад. Мостот на желбите изграден во 2009 година беше донација од бизнисменот Велија Рамковски кој сега е во затвор.

XS
SM
MD
LG